Откриен нов тип на крвни садови во коските на човекот

Сподели со своите пријатели

Германски научници од Универзитетот Дујзбург – Есен пронашле во човековото тело претходно непозната мрежа на мали крвни садови, која се наоѓа во коските и допринесува за брзо и ефикасно ширење на крвта и имунолошките клетки низ целото тело, пишува „Сајенс алерт“.

Loading...

– Навистина е изненадувачки да се пронајде нова централна анатомска структура која не е општината во ниту еден учебник во 21 век, изјавил еден од истражувачите, имунологот Матијас Гунцер.

Научниците во експериментот користеле хемиска супстанца наречена етил цинамат на коските на глодари зада ги направат транспарентни, а потоа, користејќи светлосна флуоресценција и рендгенска микроскопија, успеале да детектираат неколку стотина капилари кои ги нарекле транскортикални крвни садови.

Според зборовите на истражувачите, коска на глушец може да содржи повеќе од илјада такви крвни садови, а низ нив минуваат повеќе од 80 отсто од артериските и 59 отсто од венската крв.

Истражувачите спровеле сличен експеримент на човекот, а професорот Гунцер бил доброволец. Научниците тогаш откриле дека во човечката коска постои сличен систем со подобели крвни садови, иако според истражувачите, потребни се понатамошни експерименти за да се одреди нивната точна функција.

Списанието истакнува дека оваа откритие може да објасни на кој начин лековите кои се вбризгуваат во коскената срж помагаат во ширењето на крвта и имунолошките клетки.

Откритието на претходно непознати крвни садови во коските на човекот може да доведе до повторно преосмислување на структурата и функциите на општата анатомија, пренесува „Сајенс алерт“.

Претходно биолозите од Харвард откриле необични канали кои ја поврзуваат коскената срж со мозочното ткиво, што може да објасни како имунолошките клетки успеваат да доспеат внатре при воспалителен процес.

Loading...

Leave a Reply