Откриен нов необичен вид диносаурус – Иако речиси биле без раце, тие ловеле плен двојно поголем од нив

Сподели со своите пријатели

Палеонтолозите во Аргентина открија нов вид диносаурус кој имал слабо развиени горните екстремитети.

Loading...

Овој новооткриен диносаурус, наречен Guemesia ochoai, се смета дека припаѓа на семејството месојади познати како абелисауриди, кои живееле во Европа, Африка, Јужна Америка и Индија за време на Креда, а изумреле пред околу 66 милиони години.

Научниците открија нов вид откако анализираа череп стар околу 70 милиони години пронајден во северозападна Аргентина. Кај многу абелисауриди, предните екстремитети биле дегенеративни, черепот пократок и имало коскени израстоци над очите.

 

 

Сепак, Guemesia ochoai имаше „неверојатно мал“ череп и веројатно најмалиот мозок од сите досега откриени абелисауриди.

Иако речиси биле без раце, тие ловеле плен двојно поголем од нив

Loading...

Поради своите необични карактеристики, овие диносауруси – без зглобови и лакти, не можеа да ги свиткаат горните „израстоци“, а немале ни канџи со кои можеа да грабнат плен, пишува Science Alert.

Но, не дозволувајте тоа да ве измами. Овие абелисауриди би можеле да фатат плен многу поголем од себе. Тајната лежи во нивните силни вилици и остри заби кои би можеле да ја компензираат слабоста на предните екстремитети.

Бидејќи е пронајден само черепот, тешко е да се каже како изгледал овој вид во споредба со другите абелисауриди. Во соопштението на Природонаучниот музеј (NHS) на Обединетото Кралство се наведува дека бил сличен на Carnotaurus sastrei, но имал помала глава.

 

 

Закржлавени раце?

„Овој нов диносаурус е сосема невообичаен за својот вид. Тоа покажува дека диносаурусите што живееле во овој регион биле сосема различни од оние во другите делови на Аргентина“, рече палеонтологот Ањали Госвами од NHM.

Loading...

Сè уште не е јасно зошто абелисауридите имале толку мали предни екстремитети. Експертите претпоставуваат дека тоа се остатоци од екстремитети чија функција со текот на времето се покажала бескорисна.

 

 

Студијата наречена Првиот дефинитивен теропод на абелисаурид од доцната креда на северозападна Аргентина беше објавена во списанието за палеонтологија на ‘рбетниците.