Откако донираше вакцини, Вучиќ го проба македонското вино (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

На Граничниот премин Табановце денеска претседателот на Србија Александар Вучиќ на Македонија ѝ ги предаде првите вакцини против коронавирусот, по што заедно со премиерот Зоран Заев се упатиле кон една винарија во скопско.

Loading...

 

 

Со чаша црвено вино во раката, српскиот претседател го честиташе Свети Трифун од Скопје.

 

 

Loading...

– На сите лозари им го честитам празникот Свети Трифун и посакувам родна и добра година. како љубител на вино, горд сум на српските винари и нивните резултати во последните 10 години. По квалитетот на вино надинавме многу регионални сили, а се надевам и верувам дека потрошувачите во Србија уште поголемо внимание и доверба во иднина ќе посветат на домашното вино, напиша тој.

 

 

Во својата втора објава се заблагодарни на премиерот Заев и сопственикот на винаријата за доброто вино, во кое како што вели уживале.

 

 

Loading...

– Уживавме во доброто вино и со претседателот на Владата на Северна Македонија договаравме заеднички проекти за иднина, напиша тој.

 

 

Од фотографиите може да се забележи дека од премиерот Заев на подарок добил икона.

 

 

Loading...

 

Никола Ивановски

Leave a Reply