Отишла во Амстердам да го види момчето, а тој и приредил пеколна шега (фото)

Сподели со своите пријатели

Англичанката Софи Стивенсон (24) собрала 350 фути за авионсиот билет до Амстердам за да се сретне со момчето Џес Матеман кого го запознала во Барселона. Не претпоставувала дека ќе стане предмет на сурова шега.

Софи и Џес се запознале во Барселона во време кога таму се случувал голем терористички напад. Двајцата започнале романса, а потоа и се допишувале. Џес успеал да ја убеди Софи да дојде да го види во Амстердам.

Меѓутоа, кога пристигнала на аеродромот, него го немало никаде, иако требало да ја пречека. Шест часа подоцна, додека била во хотел, пристигнала порака со следната содржина: „Се беше шега“ со емотикони на прасе. Тогаш сфатила дека се работи за една игра во која момчињата заведуваат „грди дебели девојки“.

Loading...

– Да привлечеш свиња значи дека момчето се обиде да привлече дебела, грда девојка. Ми беше мачно, рекла Софи.

Таа му напишала порака во која го прашала како може да биде толку суров, но тој не и одговорил ништо. Набргу ја блогирал на социјалните мрежи.

– Бев толку вознемирена што го заменив летот и веднаш следното утро се вратив дома, рекла измамената девојка.

Нејзината приказна предизвика реакции на социјалните мрежи, а многумина ја пофалија нејзината храброст и упатија поради со поддршка. Голем број луѓе велат дека е убава и дека не треба да се нервира поради него. Другите многу го критикуваат Џес нарекувајќи ја неговата игра „одвратна“.