Осум совети кои ќе ви помогнат полесно да ја преспиете ноќта

Сподели со своите пријатели

Идеалната температура за спиење е измеѓу 16 и 21 степен целзиусов, а вашиот мозок всушност мора да биде нешто постуден од останатиот дел од телото. Квалитетниот ноќен сон е важен за обработка на информациите кои сме ги проживеале во текот на денот, како и за повторно баансирање на телото, физички и ментално.

Од пластично шише направете си вентилатор за тропските горештини (видео)

Loading...

Експертите пренесуваат и осум совети како да се разладите и да го добиете скапоцениот сон.

  1. Ставете ја постелнината во пластична вреќа и по неколку минути во замрзнувач. Ако немате многу место во дриждерот или замрзнувачот, ќе ви помогне и ако само ја ставите навлаката за перница или пижамите.

  2. Пред одење во кревет, премачкајте се со лосион за по сончање со алое вера, кој претходно сте го чувале во фриждер.

  3. Носете памучна пижама и на кревет ставете тенки, чисти памучни листови – висококвалитетен памук е идеален материјал за спиење затоа што е најпроѕирен.

  4. Внимавајте да не јадете прменогу протеини затоа што тоа може да го загрее вашето тело бидејќи го забрзува метаболизмот.

  5. Јадете зачинета и лута храна, но барем три часа пред спиење, може да ви помогне при потењето, при што телото се разладува.

  6. Ако вежбате, правете го тоа натуро, а не навечер за да телото не се загрее премногу.

  7. Ако се туширате навечер, правете го тоа со млака вода, а не студена затоа што вашето тело ќе реагира на изненадна промена на температура со зачувување на топлината.

  8. Исклучете ги сите електрични уреди во спалната соба кои емитуваат топлина.