Острови за кои се борат светските сили: Несигурна земја која мора да ја посетите во безбедна придружба

Сподели со своите пријатели

Курилските острови е името на вулканскиот архипелаг со кој владее Русија. Дел од тоа усвојуваат и Јапонците, но тоа е тема за себе, а нас нè интересира што е надвор од политиката, кавгите и донекаде – луѓето. Одиме на Далечниот Исток, на Пацификот, каде што ретко кој живее во прекрасната и речиси недопрена природа, а фотографиите што се направени таму се нереални.

Loading...

 

 

Токму поради тектонските потреси и фактот што се наоѓаат во Пацифичкиот огнен круг, Курилските острови изгледаат неверојатно убаво, а нивните карпести формации се без конкуренција. Зимите се долги, студени и бурни, а летата се кратки и магливи.

Се препорачува островот да се види со брод, бидејќи на тој начин ќе имате можност да ги видите вулканите од безбедно растојание. Од речиси стотина вулкани во областа, дури четириесет се уште се активни.

Меѓу локалното население лесно ќе ги забележите домородците, членови на племето Аину. Лицата им се покриени со тетоважи, имаат свој јазик и се верни на своите традиции како раскажување стари приказни.

 

Loading...

 

Трите најпопуларни острови што треба да се посетат се Кунашир, Итуруп и Шикотан, а подгответе се да останете на еден од нив неколку дена поради големите магли или бури што може да се појават.

На север, ненаселените острови можете да ги посетите само преку туристичка агенција, што е можеби уште подобро бидејќи тогаш сте мирни и во сигурни раце.