Оргиналните фотографии на НАСА од мисијата Аполо продадени за 160 илјади евра

Сподели со своите пријатели

Серија оригинални фотографии на НАСА од мисиите Аполо продадени за вкупно 160.000 евра на аукција во Копенхаген оваа недела.

Loading...

Серија од 74 фотографии во приватна сопственост од мисиите Аполо вклучуваат историска прошетка на месечината на Баз Олдрин за време на првото слетување на Месечината во јули 1969 година.

 

 

Фотографијата на Баз Олдрин во костим за астронаут и Нил Армстронг, кој ја направи фотографијата и чиј одраз може да се види на визирот на Олдрин, беше прикажана на насловната страница на списанието National Geographic и Life во 1969 година. Фотографијата во боја од издигнувањето на Земјата направена за време на мисијата Аполо 8 во 1968 година е продадена за највисока цена од околу 12.000 евра.

Оригиналните винтиџ фотографии на НАСА се објавени во ограничен број за научно проучување и објавување во меѓународни списанија. „Она што ја прави оваа колекција уникатна е големината на колекцијата и фактот што не го гледате ова на глобалниот уметнички пазар секој ден“, изјави директорот за продажба и проценка на Бруун Расмусен, Каспер Нилсен, во интервју за Ројтерс пред почетокот на аукција.

 

Loading...

 

Аукциската куќа соопшти дека странскиот продавач е поврзан со Данска, но не го откри идентитетот ниту на продавачот ниту на купувачот.