Орбан следната недела ќе го посети Трамп на Флорида

Сподели со своите пријатели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан следната недела ќе го посети поранешниот американски претседател Доналд Трамп во неговиот дом Мар-а-Лаго на Флорида, потврди лице запознаено со плановите за посетата.

Loading...

Според американската агенција АП, Орбан и Трамп се долгогодишни сојузници и поранешниот американски претседател редовно го фали во неговите предизборни говори.

Двајцата се состанаа во август 2022 година во Бедминстер, Њу Џерси, во голф-клубот на Трамп, кога Орбан отпатува во САД за да зборува на Конференцијата за политичко дејствување на конзервативците (CPAC) во Тексас.

Поддршката на Орбан за Трамп

Во април 2023 година, кога беа покренати обвиненија за првиот од четирите кривични случаи на Трамп, Орбан објави порака за поддршка на Трамп, повикувајќи го „да продолжи да се бори“.

Трамп на почетокот на 2022 година рече дека дава „целосна поддршка“ на кампањата на Орбан за реизбор таа година.