Општина Куманово определи 13,7 милиони денари за социјална заштита во 2023 година

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово за програмата за социјална заштита за 2023 година определи финансиска рамка од вкупно 13.756.000 денари, информираа надлежните од секторот за социјална заштита.

Loading...

Средствата се распределени во повеќе категории од кои најмногу за субвенции за вода и ѓубре за ранливите категории граѓани.

За мерката субвенционирање на трошоци за комунални услуги (депонирање на смет, до 300 денари и вода до 900 денари, по корисник) одвоени се 6.480 000 денари и предвидено е да се опфатат до 450 корисници.

Буџетот за одредени елементарни непогоди (пожар, поплава и слично) изнесува четири милиони денари, по семејство се исплаќа од 10 до 30.000 денари.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

За еднократна парична помош или помош во натура, обезбедени се 1.500 000 денари, при што опфатени се лица/семејства кои се во ризик поради оперативен зафат или подолго лекување во здравствена установа во странство, смрт на член на семејство.

Куманово за обезбедување на локални услуги преку Програмата Општинско корисна работа-Проект „Инклузивна училница“ ОКР одвојува 1.050. 00 денари.

Финансиска поддршка за вршење на работи од социјална заштита на здруженија и други правни лица е три милиони денари.

Мерката се однесува на здруженија кои се во фаза на подготовка и воспоставување на нови социјални услуги или се во фаза на подготовка на документација за лиценцирање (во МТСП) на веќе воспоставените социјални услуги, како и други работи од областа на социјалната заштита, а се од големо значење за граѓаните на општината.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица, корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) изнесува 576.000 денари и тука спаѓаат две мерки покривање на трошоци за комунални услуги и покривање на трошоци за кирија (2.000 денари по корисник).

За превентивни активности за подигнување на јавната свест на граѓаните се одвојуваат 150 000 денари.