Општина Куманово не може да издава дозволи за градба во населба Каропш

Сподели со своите пријатели

Општина Куманово не може да издава дозволи за градба за жителите од населбата Карпош, бидејќи истата е надвор од планскиот опфат, откако пред неколку години со одлуката на Владата на Република Македонија е укинат Урбанистичкиот план за оваа населба кој претходно го донел Советот на Општина Куманово, рече градоначалникот Максим Димитриевски.

Loading...

– Имаме сериозен проблем како општина и не можеме да издаваме урбанистичка документација за било каква градба во овој дел на градот бидејќи согласно Урбанистичкиот план, тогаш ние дефиниравме дека се работи за месност населба Карпош, а откако е укуинат планот имаме состојба ова место да е надвор од плански опфат и треба да биде третирано како село, со што не можам да се сложам. Развиена е по урбан тип согалсно правила во урбанизмот, иако и во најголем дел градел кој каде сакал, рече Димитриевски.

Населбата како што посочи кумановскиот градоначаник, има сериозни ккомунални проблеми, со оглед дека во одредени делови не е решена ниду подземната ниту надземната инфраструктура, но вината е во Законот за легализација на дивозградените објекти.

– Сочувствуавам со граѓаните, но мора да бидеме свесни, Законот за легализација овозможи да се легализираат објекти од 200 метри квадрани за 200 евра, и на една улица ако има 20-30 објекти инкасираме 4.000 евра, а за инфраструктура треба да се потрошат 100.000 евра и тоа е сериозен проблем. Затоа многупати потенцирам дека ние сите очекуваме општината да даде, но треба да ги гледаме и нашите обврски кон општината, појасни Димитриевски.

Ќе биде формирана и комисија која со споредување на снимки од Гугл ќе проверува дали објектите се изградени пред или по 2011 година. Оние кои биле изградени подоцна нема да добијат решенија за легализација.

Leave a Reply