Општина Куманово и годинава ќе ја додели Ноемвриската награда

Сподели со своите пријатели

По повод 11-ти Номеври – Денот на ослободување на Куманово, општината ќе ја додели традиционалната „Ноемвриска награда“, како израз на највисоко општествено признание што се доделува за посебни достигнувања во одделни области.

Loading...

Според одлуката, Ноемвриската награда се доделува на поединци, претрпијатија и други организации, установи, здруженија и заедници чие дело односно резултати во работењето и делувањето претставуваат посебно остварување во областите на стопанството и вонстопанските дејности, во текот на едногодишен и повеќегодишен период.

Делото, односно постигнувањата да бидат достапни на јавноста до 11ти октомври годинава, а авторот на делото да е жител на Општина Куманово, организацијата или заедницата да е од Општина Куманово, односно делото и постигнувањата да се тематски поврзани за Општина Куманово.

Паво на предлагање на кандидати за Ноемвриска награда на Општина Куманово имаат претпријатија, установи, здруженија, месни заедници, група граѓани и поединци.

Предлозите за доставување на Ноемвриската награда со образложение во писмена форма да ги доставите до комисијата за одбележување на празници и манифестации и доделување на награди и признанија, најдоцна до 31ви октомври оваа година.

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Leave a Reply