Опожарено „Ауди“ во Куманово

Сподели со своите пријатели

Автомобил марка „Ауди“ било опожарено вчеравечер додека било паркирано на улицата „Драгојло Диндиќ“ во Куманово.

Loading...

– На 04.04.2024 во 23.40 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „Драгојло Диндиќ“ во Куманово настанал пожар во паркирано патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, сопственост на М.С.(42) од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Екипа на Територијалната противпожарна единица Куманово го изгаснала пожарот, а повредени нема.

Увид бил извршен од екипа на СВР Куманово.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви