ОН суспендираа некои програми во Авганистан поради забраната за работа на жените

Сподели со своите пријатели

Обединетите нации привремено суспендираа некои програми во Авганистан и предупредија дека многу други активности најверојатно ќе мора да бидат стопирани поради забраната за работа на хуманитарците наметната од администрацијата предводена од Талибанците.

Loading...

Заменик генералниот секретар за хуманитарни прашања и координатор за помош Мартин Грифитс, шефовите на агенциите на ОН и неколку хуманитарни групи во заедничка изјава рекоа дека учеството на жените во испораката на помош не може да се преговара, апелирајќи до властите да ја поништат забраната, пренесува Ројтерс.

Забраната на жените за хуманитарна работа има непосредни опасни по живот последици за сите Авганистанци.

Некои критични програми веќе мораа привремено да бидат стопирани поради недостаток на женски кадар, се вели во соопштението.

Забраната за хуманитарните работници беше објавена во саботата од страна на администрацијата предводена од исламистичките талибанци, а таа уследи по забраната на жените да посетуваат универзитети.

На девојчињата во март им беше забрането да посетуваат средно училиште.

Ниту една земја не може да си дозволи да исклучи половина од своето население од придонес во општеството, се вели во соопштението, кое го потпишаа и шефовите на УНИЦЕФ, Светската програма за храна, Светската здравствена организација, Програмата за развој на ОН и Високиот комесаријат за бегалци. и Човекови права..