ОН: САД се повлекуваат од договорот за мигранти и бегалци

Сподели со своите пријатели

Американскиот претседател Доналд Трамп одлучи САД да се повлече од договорот на ОН за меѓународна помош на мигранти и бегалци, сметајќи дека тој договор не е компактибилен со миграциската политика на неговата земја, соопштува американската мисија при Обединетите нации.

– Американската мисија при ОН ја известува светската организација дека САД повеќе нема да учествуваат во глобалниот договр за миграција, се наведува во соопштението.

Генералното собрание на ОН во септември 2016 година едногласно го усвои текстот наречен „Декларација на Њујорк за бегалци и мигранти“ со цел подобрување на условите за помош, сместување и повраток на бегалците.

Високиот комесаријат на ОН за бегалци (УНХЦР) би требало на основа на таа декларација следната година да предложи Светски пакт за мигранти и бегалци.

САД наведуваат дека тој договор има елементи кои не се во рамките на миграциската политика на администрацијата на Трамп.

– Трамп поради тоа одлучи да го повлече учеството на САД во подготовка на пак кој треба да добие консензус во ОН во 2018 година, се наведува во соопштението.

ООН засега не реагираа на таа одлука.

Американската амбасадорка при ОН Ники Хејли изјави дека САД се горди на своето наследство во областа на имиграцијата и поддршката на мигрантите и бегалците ширум светот.

– Ниту една земја не направи толку колку што направија САД. Нашите одлуки за миграциската политика треба да ја донесат Американците и само Американците. Ние ќе одлучиме за подобра контрола на границите и кому ќе биде дозволено да влезе во нашата земја, рекла Хејли и додава дека декларацијата едноставно не е компактибилна за САД.

Трамп од доаѓањето на власт одлучи САД да се повлече од меѓународниот договор за климатските промени, како и од Организацијата на ОН за образование, наука и култура (УНЕСКО).

Одлуката на Трамп за повлекувањето од договор за мигранти и бегалци е донесена додека неодамна на самитот на Европскат аунија и Африка е одлучено за спроведување операција за итна евакуација на мигранти жртви на шверцување во Либија. Таа операција доби поддршка од ООН и Африканската унија.