ОН: Русија и Украина мачеле воени затвореници

Сподели со своите пријатели

Канцеларијата за човекови права на Обединетите нации (ОХЦР) објави дека и Украина и Русија мачеле воени затвореници за време на деветмесечната војна во Украина, наведувајќи примери како што се електрични шокови и сексуално насилство.

Loading...

Мониторинг тимот на ОН, лоциран во Украина, ги базира своите наоди на интервјуа спроведени со повеќе од 100 воени заробеници од двете завојувани страни, пренесува Ројтерс.

Тие истакнале дека разговорите со затворениците од Украина се случиле по нивното ослободување, бидејќи, како што наведоа, Русија не дозволувала пристап до местата каде што биле затворени.

Шефот на набљудувачката мисија на ОН, Матилда Богнер, на прес-конференција во Женева изјави дека „огромното мнозинство“ украински затвореници што ги интервјуирале пријавиле тортура и малтретирање.

Таа наведе примери на напади од кучиња, електрични шокови и сексуално насилство што го применуваат руски војници врз украинските затвореници со цел да ги заплашат и понижат.

Богнер, исто така, рече дека добиле „веродостојни наводи“ за кратки егзекуции на руски затвореници, како и случаи на таканаречени „тепања за добредојде“ во украинската казнена колонија.

Киев претходно соопшти дека ги проверува сите информации во врска со третманот на воените заробеници и дека ќе го истражи секое неправилно дело и соодветно ќе преземе правни мерки.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...