ОН ги повикуваат Талибанците да ја укинат забраната за работа на жените

Сподели со своите пријатели

Висок функционер на ОН ја повика администрацијата на авганистанските талибанци да ја укине забраната за жените да работат за невладини организации.

Loading...

Управата во саботата им наложи на сите домашни и странски невладини организации да не дозволуваат работа на жените до дополнително известување.

Се вели дека овој потег, кој е осуден на глобално ниво, е оправдан бидејќи некои жени не се придржувале до толкувањето на талибанците за исламскиот кодекс на облекување на жените.

– На милиони Авганистанци им е потребна хуманитарна помош, а отстранувањето на бариерите е од витално значење – се наведува во соопштението на УНАМА, во кое се додава дека нејзиниот хуманитарен координатор Рамиз Алакбаров се сретнал со министерот за економија Мохамад Ханиф.

Наредбите со кои им се забранува на жените да работат во невладини организации дојдоа од Министерството на Ханиф. Наредбите не се однесуваат директно на Обединетите нации, но многу од нивните програми се спроведуваат од невладини организации кои се предмет на наредбата.

Четири големи глобални невладини организации, чии хуманитарни напори допреа до милиони Авганистанци, веќе објавија дека ја прекинуваат работата во недела.

Други помали невладини организации, исто така, најавија суспензии, вклучително и Исламската помош во светот со седиште во Обединетото Кралство.

Невладините организации велат дека не можат да ги водат своите програми без женски кадар.

Loading...

Според хуманитарните агенции, повеќе од половина од населението се потпира на хуманитарна помош.