ОК СВСК Е ШАМПИОНОТ: По 24 години Куманово доби нов клупски пехар (фото)

Сподели со своите пријатели

Одбојкарките на Сити Волеј Славков и Куманово викендов го освија домашниот одбојкарски куп, откако со резултат 3:1 во сетови го совладаа составот на Јанта Волеј од Скопје.

 

Loading...

 

Освен дел од третиот сет, после големо водство од 17:10 – кога сите очекуваа да натпреварот заврши со 3:0 –  пад на концентрација што резултираше со губиток на овој дел од играта, екипата на ОК СВС Куманово беше апсолутно доминантна во сите аспекти на одбојкарската игра: со своите сервиси и блокот посебно, го исфрлија противникот комплетно надвор од ритам и со убедлива резултатска разлика го освоија првиот трофеј во оваа сезона со златен сјај.

Сите честитки на нашите девојки за напорна работа, фантастична резолутност, пожртвување и борбеност. После денови за прослава на оваа огромно достигнување на нашата екипа, денеска истите актери се враќаат на прв натпревар од финалната серија на плеј-оф во Скопје, сала на ОУ “Невена Георгиева Дуња“. Со оваа победа и титулата во Купот на Македонија се највува и интересна борба во финалната серија на плеј оф-от на првенството за титула државен првак – изјави Денис Вујадиновиќ од ОК СВСК.

Историски гледано, ова е прв трофеј кој било кој тимски спорт го донесе во Куманово по 1993 година во која Ракометнот клуб Шевро Куманово исто така освои Куп на Македонија.