Ограбена продавница во центарот на Куманово

Сподели со своите пријатели

Продавница во центарот на Куманово вчеравечер била ограбена, а крадецот успеал да замине со дневниот промет.

Loading...

– На 11.04.2023 во 21.15 часот во СВР Куманово било пријавено дека во продажен објект на ул.„11 Ноември“ во Куманово, едно лице со употреба на сила кон вработената одзело пари од дневниот промет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од кумановската полиција додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.