Огоромен астероид минува крај Земјата во март

Сподели со своите пријатели

Астероидот, со големина од 1,7 километри, што е двојно поголем од најголемата зграда во светот, Бурџ Калифа во Дубаи, во март ќе помине 1,93 милиони километри од Земјата, објави НАСА.

Loading...

Астероидот, наречен 2001 FO32, бил откриен во 2001 година, па затоа, иако ќе помине на растојание пет пати подолго отколку што е Месечината од нашата планета, сепак е класифициран како ризичен објект.

Ова небесно тело кружи околу Сонцето за 2,22 години, со брзина од 124000 километри на час.

Секој објект што е на помалку од 7,2 милиони километри од Земјата, се смета за потенцијално опасен астероид, бидејќи постои можност во одреден момент да отстапи од својот пат и да се придвижи кон нашата планета.

Leave a Reply