Одобрени 4,6 милиони денари за проектите на НУЦК „Трајко Прокопиев“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Министерството за култура ги прифатило и одобрило средства за 80 отсто од проектите со кои аплицирал Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ Куманово за годишната програма за 2024 година.

Loading...

Според директорот Сашо Тодоровски, тоа се 4 милиони и 600 илјади денари, кои се надева ќе ја збогатат културната програма и на Центарот за култура и на Театар Куманово.

Министерството ќе финансира две претстави на Театар Куманово на македонски јазик и исто толку на албански.

– За театарската дејност имаме добиено четири театарски претстави, две на македонски и две на албански јазик. Првата претстава ќе почнеме да ја подговтвуваме во месец март, македонска претстава и албанска ќе одат паралелно со подготовките. Уште една претстава на албански јазик ќе започне да се подготвува во текот на месец мај и уште една на македонски таа ќе ја оставиме за август и ќе биде за фестивалот „Денови на комедија“, изјави директорот Тодоровски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски од Куманово упати порака до „загржените“: Ние не менуваме страни, ние едноставно за разлика од сите нив имаме став

 

 

Во програмата за оваа година повеќе средства, меѓу останатото, се предвидени и за Фестивалот на проза.

Loading...

– Би сакал да споменам дека имаме одобрено за Фестивалот на проза 500.000 денари, тоа е навистина добра вест за нас. По трет пат бевме препознаени како успешен фестивал, дека го реализираме и сигурно мислам дека ќе понудиме квалитетна програма на тој фестивал годинава на 25 и 26 мај. Тука се и тековните активности имаме добиено финансии за изложби, ликовна дејност, концерти и фолклорна дејност, додава Тодоровски.

Дел од средствата кои се одобрени ќе бидат и за набавка на нова светлосна опрема на двете културни установи.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Го нападнале во Тромеѓа и му одзеле пари и клучеви

Се очекува годинава да има шеесетина настани од областа на културната дејност, заедно со самостојните уметници и културни работници кои веќе аплицираа во септември, а кои добиле потврда своите настани да ги организираат во НУЦК „Трајко Прокопиев“.

Претходно установата доби и одобрение на 2,5 милиони евра за завршување на реконструкцијата на Театар Куманово, проект кој сепак ќе трае до 2026 година.

– Конечно ги добивме и побараните средства за Театар Куманово, 2,5 милиони евра. 10 милиони денари за оваа година кои треба да се искористат во зависност од тоа што ќе каже проектантот, идната 60 милиони денари и 2026 година кога би требало да финишира изведбата 83 милиони денари, објаснува директорот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Жител на Липково крадел возила низ Скопје

Никола Ивановски