Одложено историското лансирање на „Space X“

Сподели со своите пријатели

„Space X“, приватна компанија основана од американскиот милијардер Илон Маск, беше принудена да го откаже планираното лансирање ракета во орбита со човечки екипаж, прво по девет години, поради лошите временски услови.

Loading...

Мисијата Демо-2 во Флорида беше откажана, само 17 минути пред крајот на одбројувањето до полетувањето.

Сакал да докаже дека Земјата е рамна плоча, па загинал во сопствената аматерска ракета (ВИДЕО)

Вселенското летало, кое требаше да го одбележи првото полетување на астронаутите на НАСА од американско тло во последните девет години, се планира да пренесе два астронаути Бо Бенкен и Даг Харли.

Доколку временските услови не се поволни, SpaceX ќе има нова шанса за мисијата Демо-2 во сабота, 30 мај, во исто време, околу 16,33 по локално време.

Leave a Reply