Од вечерва интензивни врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта времето беше променливо облачно, во повисоките места со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Изутринава во Маврово и Лазарополе има врнежи од дожд.

Loading...

Променливо облачно, во западните подрачја со повремен дожд ќе биде денеска во текот на денот.

Во вечерните и ноќните часови врнежите ќе се прошират и во останатите делови и ќе се интензивираат.

Ќе дува умерен, во западните делови повремено засилен ветер од југозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19 степени.

Leave a Reply