Од утре за неколку степени посвежо време

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува умерен, повремено засилен ветер претежно од западен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 21, а максималната од 32 до 41 степен.

 

 

На целата територија ќе биде активно жолто ниво на опасност од високи температури. Индексот на ултравиолетово зрачење ќе биде многу висок со коефициент девет.

Во Куманово и околината денескаќе имаме сончево и многу топло време. Во попладневните часови е можно мало наоблачување и слаби услови за нестабилност со грмежи и врнежи од дожд.

Loading...

 

 

Како што информираат од УХМР, уште денеск времето ќе биде сончево, многу топло и вдолж Повардарието температурите ќе достигнуваат 40 степени. Насекаде ќе биде активно жолто ниво за опасност од високи температури.

Од утре температурата ќе биде пониска за неколку степени, а облачноста повремено ќе се зголемува и ќе има услови за изолирана појава на локален дожд и ретки грмежи.

 

Никола Ивановски

Loading...

Leave a Reply