Од утре посебен собораќен режим кон населбата Перо Чичо

Сподели со своите пријатели

Реконструкција и рехабилитација на постоечкиот железнички подвозник, како и изградба на нов патен надвозник на улицата „Ѓорче Петров“ на влезот во населбата Перо Чичо од утре носи посебен сообраќен режим за сите оние кои ќе се движат по овој пат.

Loading...

Станува збор за реконструкција и рехабилитација на железнички премини на железничката пруга Куманово – Бељаковце, како дел од проектот за Рехабилитација на Железничкиот Коридор 8.

Проектот ќе го изведува фирмата „Х.Ф. Вибе ДООЕЛ“, од каде информираат дека ќе биде воведен посебен сообраќаен режим за проток на возила и патници.

– Во текот на извршување на овие активности, сообраќајот ќе се одвива под посебен времен режим,  согласно Решението за утврдување на условите и режимот на сообраќај издадено од општина Куманово. Активностите ќе се одвиваат на одредена локација под и околу мостот на ул.Ѓорче Петров, а локалното население ќе има слободен пристап до своите домови преку пешачките патеки, како и со користење на веќе постоечката сообраќајна инфраструктура, информираат од компанијата.

Времениот режим стапува во сила од утре и ќе трае до средината на ноември.

фото: архива

Leave a Reply