Од утре натпросечни температури

Сподели со своите пријатели

Времето денеска во Македонија ќе биде умерено до значително облачно понекаде со сончеви периоди, на места со слаб дожд особено во планинските региони, информираат од Управата за хидромтеоролошки работи.

Loading...

Ќе дува слаб јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме сончево до умерено облачно време со слаби услови за дожд. Температурата во утринските часови ќе изнесува три степени, а дневниот максимум се очекува да достигне до 13от степен.

 

 

Од утре, како што додаваат од УХМР, следува период на стабилно и претежно тивко време со натпросечни дневни температури и со појава на магла по котлините во утринските часови.

Утринските температури ќе бидат во интервал од околу нулата до 5 степени.

Loading...

Никола Ивановски

Leave a Reply