Од утре бесплатен курс за уметничка фотографија на ФКК „Козјак“

Сподели со своите пријатели

Фото кино клуб „Козјак“ – Куманово како и секоја година, и во учебна 2019/2020 година организира бесплатен курс за уметничка фотографија.

Loading...

Првиот час оваа година ќе се одржи на 08.10.2019 година (вторник) во просториите на Фото кино клуб „Козјак“ кој се наоѓа во Народна техника – Куманово, ул. „Тане Георгиевски“ бр. 25 (попозната како Циганско сокаче) карши централата на К-Нет.

Сите заинтересирани може да се пријават на [email protected] или да дојдат на првиот час.

– Во рамки на курсот, присутните ќе се запознаат со начин на работа на фотоапаратот и неговите главни карактеристики, објективи, уметничка композиција како и со дигиталната лабораторија – Photoshop. Иако не е задолжително би било пожелно што поголем број од учесниците да поседуваат свој фотоапарат за да може сами да го вежбаат она што ќе се дискутира на предавањата. Предавачи во рамки на школата ќе се членовите на ФКК Козјак како и други гости поврзани со фотографијата и сродните уметности, информираат организаторите.

Темпото и времетраењето на фотошколата зависи од бројот на пријавени учесници, а како кулминација на фотошколата е учество на клупската изложба „Мајски салон 2020“ на оние курсисти кои успешно ќе ја завршат истата.

Leave a Reply