Од полноќ поскапуваат нафтените деривати

Сподели со своите пријатели

Цените на горивата од полноќ поскапуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Loading...

Според новата одлука, малопродажната цена на „еуросупер БС-95“ од полноќ ќе изнесува 60,50 денари за литар. „Еуросупер БС-98“ ќе се продава по 62,50 денари за литар, додека дизелот за 52 денари за литар.

Поскапува и Екстра лесното масло за домаќинство и ќе се продава за 41 денар за литар.

Мазутот поскапува за 0,510 ден по килограм и ќе се продава по цена од 25,369 денари.

Никола Ивановски

Leave a Reply