Од полноќ нови цени на горивата

Сподели со своите пријатели

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,67% во однос на одлуката од 3.2.2023 година.

Loading...

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,130%, кај дизелот за 2,692%, кај екстра лесното масло за 2,466% и кај мазутот зголемување за 0,535%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,169%.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стојановски: Ќе креираме општество каде младите ќе сакаат да творат, градат и среќно да живеат

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит.

Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,065 ден/кг и сега ќе изнесува 41,411 ден/кг.

Од 7.2.2023 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,00 (денари/литар)

Loading...

Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,00 (денари/литар)

Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 78,50 (денари/литар)

Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 77,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 41,411 (денари/килограм)

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во недела свечено откривање на мурал со ликот на Бобан Трајковски

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 7.2.2023 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.