Од обување чорапи до скокање како жаба, чудни Гинисови рекорди во текот на пандемијата

Сподели со своите пријатели

Усаин Болт истрча 100 метри за 9,58 секунди, а др. Викас Саини неодамна облече 10 чорапи за 9,23 секунди, а двајцата носат иста титула: носител на светски рекорди.

Loading...

Од подвиг со чорапи, до имагинативно жонглирање на ролни тоалетна хартија со стапало, се уште се поставуваат записи затоа што „Гинисовите рекорди“ добиваат 1.000 апликации од потенцијални носители на рекорди секој месец, и само од Северна Америка.

ЧОВЕК ОД ЧЕЛИК: По 8 часа во поза на издржливост урна Гинисов рекорд (ВИДЕО)

Компанијата веќе одамна е позната како чувар на достигнувањата, сега почнувајќи од „фасцинантни“ најдолги нокти, преку „прекумерно“ пирсирање, па сè до „секој може да проба“ – одење на раце, на пример.

Со неодамна воведените предизвици се зголемува популарноста на „Гинис“ на интернет затоа што многумина се дома заради пандемијата: човек што скока како жаба, градител на пирамида од конзерви или градител на ЛЕГО структури со само една рака, и сите се добитници на титулата „Гинисов светски рекорд“.

„Додека луѓето се дома, ние сакаме да ја охрабриме креативноста, да го подобриме расположението и да им овозможиме да учат и истражуваат светски рекорди“, рече менаџерот за рекорди Криси Фернандез.

Поради траума од фризерски салон е сопственичка на Гинисов рекорд

Планираните предизвици се така испланирани да бидат изведени со минимална опрема и дома. Постојат и натпревари за деца. Што се однесува до книгата, нема кој не се пробал низ неа во потрага по рекорд што би можел да го сруши – Гинисовата книга на светски рекорди содржи повеќе од 50.000 уникатни достигнувања.

Loading...

Меѓу нив се најбрзите погодоци во голф дупки за 1:29:62 минути; трчање на 100-метри со пречки со перки на нозе за 14,82 секунди за мажи и 18.523 за жени, 656 скокања во минута на две кошаркарски топки во исто време.

Идејата за собирање необични рекорди ја започна британскиот Сер Хју Бивер во 1950-тите години кога тој беше директор на Гинисовата пиварница.

„Човекот-амфибија“ во Охрид постави Гинисов рекорд (ВИДЕО)

Приказната вели дека избувнала кавга на забава на ловци во Ирска околу тоа која е најбрзата дива птица во Европа. Не било лесно да се реши тој спор.

Сер Хју ги замолил близнаците Норис и Рос МекКучер, кои се занимавале со проверка на факти, да состават книга што ќе помогне во решавањето на овој кафеански спор.

Првиот том бил објавен во 1955 година, а до 1964 година биле продадени милион примероци. Подоцна започнала ТВ серија за тоа.

Гинис има и Куќа на славните. Меѓу нив биле и Роберт Вадлоу, највисокиот човек на светот – во 1940 година, тој бил висок 272 сантиметри. Другата славна личност била Ли Редмонд, чии нокти заедно биле долги 8,65 метри.

Трепки од 12 сантиметри и 83-годишен билдер во Гинисовата книга на рекорди (видео)

Loading...

Гинис обично добива 47.000 записи за рекорди годишно од просечно 178 земји. Околу 8,000 од нив се потврдуваат и прознаваат.

Дејвид Раш од Боиз, во американската сојузна држава Ајдахо, неодамна стана рекордер преку онлајн предизвик во категоријата „Кој најбргу ќе облече 10 маици“. Неговото победничко време беше 15,61 секунда. Но, тој вежбал толку многу што го повредил и зглобот удирајќи го на главата додека ги облекувал маиците.

Раш има низа други рекорди, вклучително и жонглирање на велосипед со врзани очи (30 рекорди), најдолго стоење на брада на велосипед (6: 1: 07 минути) и најмногу свртувања на бејзбол топка во минута (94).

Со нозе долги 133 сантиметри Русинка се бори за Гинисов рекорд (видео)

„Обожавав да гледам емисии за тоа на ТВ и повремено да ја прелистувам книгата“, рече Раш, кој е висок менаџер за производство во технолошка компанија. „Ме фасцинираше и мислев дека посакувам да го сторам истото“.

Џед Хокин е познат по своите фудбалски вештини и способности. Тој постави рекорд минатиот месец со жонглирање на ролна тоалетна хартија со едното стапало, како дел од предизвикот на интернет. Така го постигна четвртиот Гинисов рекорд.

Негов следен предизвик е најмногу скокања  на фудбалска топка за еден час. Рекордот сега е 11.901.

Каков татко, таква ќерка: Држат Гинисов рекорд во една од најчудните категории (видео)

Loading...

„Сакам да урнам еден куп Гинисови рекорди“, рече Хокин од Тоухомаба, Австралија, каде и живее.

Исто така, тука и Саини кој се покажа како молња брз во способноста да облече 10 чорапи седејќи на подот во својата куќа во Индија. Неговата стратегија е: Забавувајте се!

„Неверојатно е што никогаш не сонував дека едно убаво утро ќе добијам толку престижна титула со толку малку напор“, напиша Саини во е-пошта.

Неговата брзина на ветерот со чорапите го натерала уште повеќе да ја цени брзината на Јусеин Болт. Славниот спринтер од Јамајка го спушти времето за 100 метри на 9,58 секунди на Светското првенство во 2009 година.

111 цигли за 35 секунди: Босанец собори Гинисов рекорд за кршење цигли со глава (видео)

„Не можеме да разбереме колку напор вложи Болт“, напиша Саини.

Loading...

Од избувнувањето на пандемијата КОВИД-19, претставниците на Гинис забележаа дека се прават повеќе обиди да се срушат рекордите во домовите и во градините. Добиле апликации за записи кои се движат од „најмногу налепници залепени на телото за 30 секунди“, преку „највисоките стебла памук“, до „најмногу скокови во место во минута“.

Фернандез меѓу менаџерите на Гинис има задача да ја потврди автентичноста на светските рекорди.

Минатата есен, таа присуствуваше на обидите на „Харлем Глубтротерс“ да го сруши рекордот. Тој ревијален кошаркарски тим постави шест рекорди тој ден, вклучувајќи шут од позади од најдолго растојание и најголемо исфрлање на топката низ нозете во минута, и тоа со врзани очи.

Брадестата жена стана модел и влзе во Гинисовата книга на рекорди (видео)

Деновиве, записите не се потврдени на лице место, туку на интернет.

Loading...

„Ние само го прилагодуваме рекордот на ова ново време“, објасни Фернандес. „Ние сакаме луѓето да направат нешто и да се забавуваат затоа што да се биде во куќата цело време може да биде малку досадно“.

Leave a Reply