Со нозе долги 133 сантиметри Русинка се бори за Гинисов рекорд (видео)

Сподели со своите пријатели

Њкатерила Лисина, поранешна кошаркарка од градот Пенза, се надева дека ќе го собори Гинисовиот рекорд како жена со најдолги нозе во светот.

Моменталната сопственичка на рекордот е уште една кошаркарска репрезентативка на Русија. Рекордот на Светлана изнесува 132 сантиметри, а верификуван е во Торемолинос, Шпанија во јули 2008 година.

Loading...

Дваесет и двегодишната екатерина официјално го има најдолгото стапало во Русија од 30,5 сантиметри и може да облече обувки само со број 47.

Екатерина се обидува да го сруши Гинисовиот рекорд како жена со најдолги нозе во светот. Нејзините нозе се долги 133 сантиметри што е за еден сантиметар повеќе од моменталниот светски рекорд.

Поранешната кошаркарка е манекенка и мајка. Нејзиното дете има шест години.

Имав многу непријатности во пубертетот. мислев дека момчињата не сакат да комуницираат со мене затоа што сум премногу висока. Бев вознемирена и сакав да се намалам – вели Екатерина за руското издание на „Метро“.

Набргу сфатила дека вистината и е голема предност во спортот.

Кошарката промени се. Кога наполнив 15 години потпишав прв професионален договор. Започан да комуницирам со високи девојки и момчиња. Конечно, кога наполнив 19 сфатив дека мојата висина е предност, а не мана и дека луѓето ме сакаат и дека имам многу обожаватели – додава кошаркарката.


Comments are closed, but trackbacks and pingbacks are open.