Трепки од 12 сантиметри и 83-годишен билдер во Гинисовата книга на рекорди (видео)

Сподели со своите пријатели

Мачка со долга опашка, 83-годишен бодибилдер и трепки долги над 12 сантиметри се сместени во најновото издание на Гинисовата книга на светски рекорди.

Меѓу новите признаени рекорди е мачката по име Сигнус од Ферндејл, Мичиген која има опашка долга 44,66 сантиметри. Таа го постави светскиот рекорд за најдолга опашка на домашна мачка.

Loading...

Кинеската Ју Џијансија е планетарната рекордерка во должината на трепките – едната од нив има 12,4 сантиметри.

За најстар бодибилдер во светот прогласен е Џим Арингтон, 83-годишник од Лос Анџелес, кој инаку е чукундедо.

Ова е изданието на Гинисовата книга на рекорди за 2018 година и 63та верзија на оваа книга.