ОД МУЗЕЈ ВО БОЛНИЦА: Што крие мумијата на древниот египетски свештеник?

Сподели со своите пријатели

Антички Египет се судри со современата медицинска технологија кога египетска мумија беше подложена на КТ скен во италијанска болница, сето тоа како дел од истражувачки проект за откривање на нејзините тајни, објави Ројтерс.

Loading...

Мумијата на Анхехонсу, антички египетски свештеник, била пренесена од граѓанскиот археолошки музеј во Бергамо во поликлиничката болница во Милано, каде експертите ќе го расветлат неговиот живот и погребните обичаи од пред скоро 3.000 години.

„Мумиите се практично биолошки музеј, тие се како временска капсула“, рече Сабина Малгора, директор на Проектот за истражување на мумијата.

Малгора рече дека податоците за името на мумијата потекнуваат од саркофаг што датира помеѓу 900 и 800 година п.н.е., каде што името Анкехонсу, што значи „богот Консу е жив“, е напишано на пет места.

Истражувачите веруваат дека тие можат да ги реконструираат животот и смртта на египетски свештеник и да разберат какви видови производи биле користени за мумифицирање на телото.

„Проучувањето антички болести и рани е важно за современите медицински истражувања – можеме да проучуваме рак или артериосклероза од минатото, и ова може да биде корисно за современо истражување“, рече Малгора.

Leave a Reply