Од четврток услови за снег

Сподели со своите пријатели

Утринава поголема облачност се преместува преку северот кон исток и североисток. Од неа врнежи од дожд има на пониските места, во Тетово повремено дожд со снег, во Крива Паланка снег, а снег има и на повисоко во Лазарополе, Пожаране Маврово
и Ѓуриште.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде претежно облачно, уште од ноќта најпрвин на северозападот, а потоа и претпладне во поголемиот дел од земјата со повремени врнежи од дожд и снег, а на повисоките места и на планините од снег. Ќе дува умерен северен ветер кој долж Повардарието ќе засилува.

Температурата преку денот ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со врнежи од дожд. Максималната дневна температура ќе достигне 6 степени целзиусови.

Утре и во среда, како што додаваат од УХМР, времето ќе биде студено и суво, а нови врнежи претежно од снег ќе има во четврток кога ќе се задржи облачно и ќе започне да дува југоисточен ветер.

Leave a Reply