Облачно со врнежи од дожд

Сподели со своите пријатели

Во текот на ноќта настапи зголемување на облачноста, така што изутринава е умерено до значително облачно и тивко.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, во текот на денот времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд, особено во попладневните и вечерните часови, кога на места ќе бидат пообилни.

Ќе дува засилен ветер од југозападен правец, кој кон крајот на денот ќе го промени во северен и во текот на ноќта кон среда ќе услови врнежи од снег на планините и на некои повисоки места.

Максималната температура ќе биде во интервал од 14 до 20 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме облачно време со услови за врнежи од дожд.

Ќе дува слаб ветер од југозападен правец, а максималната дневна температура ќе достигне 17 степени.

Никола Ивановски

Leave a Reply