Облачно со повремен локален дожд

Сподели со своите пријатели

Времето денеска ќе биде променливо облачно, наутро по котлините и долж Повардарието магливо. Преку денот облачноста ќе се зголемува и од попладне на запад ќе започнат врнежи кои во текот на ноќта ќе се прошират на повеќе места.

Loading...

Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -1 до 7, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно облачно време со кратки сончеви периоди.  Максималната дневна температура ќе изнесува 12 степени. Во текот на вечерта ќе дојде до зголемување на облачноста што ќе донесе врнежи од дожд, а температурата во текот на ноќта ќе се спушти на 3 степени целзиусови.

Утре и во среда ќе преовладува облачно и врнежливо време. Врнежите ќе започнат утре кон крајот на денот од запад и ќе продолжат во текот на ноќта насекаде, а во среда ќе престануваат на југоистокот. Овие врнежи ќе бидат пообилни во јужните делови. Од петок наутро ќе е постудено, а во сабота ќе има услови за повремен дожд, а на планините на северот од повремен снег.

Leave a Reply