Објавена листата најопуштени, но и најстресни градови за живот!

Сподели со своите пријатели

Атмосферата на градот честопати се пренесува на посетителите и туристите. На некој начин, може да влијае и на атмосферата на целото патување.

Loading...

Некои работи треба однапред да се знаат за избраната дестинација бидејќи можат да имаат клучно влијание врз целокупното искуство.

Едно истражување ги анализираше индикаторите за стрес за стотици градови низ светот, пишува списанието Travel.

На тој начин, беше креирана ранг -листа каде се најдоа најрелаксираните и најстресните градови во светот.

 

 

Фактори кои придонесуваат за стрес

Loading...

На почетокот на студијата, било испитано кои макро фактори придонесуваат најмногу за стресот и на локалното население и на посетителите.

Меѓу другото, тие вклучуваат безбедност, родова и малцинска еднаквост, социјална и политичка стабилност, загадување на животната средина, здравствена заштита и приход.

Овие фактори потоа биле групирани во четири категории. После тоа, биле анализирани индикатори за стрес за 500 градови во светот.

Оние градови за кои не биле достапни сигурни податоци биле отстранети од листата, што резултирало со вкупен примерок од 100 градови.

Имајќи го ова на ум, прикажаните градови не се нужно најрелаксирани или стресни, но овие градови заземаат одредени места поради можноста за глобална споредливост.

 

 

Loading...

Најопуштените градови – европските убедливо на врвот

Рејкјавик се покажа исклучително добро во студијата. Во однос на родовата еднаквост, загадувањето на воздухот и бучавата, главниот град на Исланд ги освои сите 100 од можните 100 поени.

Тука, отсуството на загадување е главно последица на помалата густина на населението во споредба со другите градови.

Сепак, градот исто така постигна исклучително добри резултати во однос на безбедноста, политичката и социјалната стабилност, како и пристапот до здравствена заштита.

Тоа е исто така единствениот град на листата што има постигнато максимум 100 поени вкупно.

Кога станува збор за најрелаксираните градови, Берн (Швајцарија) и Хелсинки (Финска) се на второ и трето место во светот.

По нив следуваат Велингтон (Нов Зеланд) и Мелбурн (Австралија), кои се покажаа особено добро во однос на загадувањето на воздухот и пристапот до здравствена заштита.

Другата половина од рангирањето ги вклучува Осло, Копенхаген, Инсбрук, Хановер и Грац, покажувајќи јасен тренд на опуштена природа на европските градови, особено на северот и западниот дел на континентот.

Loading...

 

 

Најрелаксираните градови во светот (со вкупен број поени):

Рејкјавик, Исланд (100)

Берн, Швајцарија (96,6)

Loading...

Хелсинки, Финска (95)

Велингтон, Нов Зеланд (95)

Мелбурн, Австралија (94,2)

Осло, Норвешка (93,9)

Копенхаген, Данска (92,6)

Loading...

Инсбрук, Австрија (92,2)

Хановер, Германија (92)

Грац, Австрија (90)

 

Loading...

 

Мумбаи е првиот од најстресните градови

На спротивниот крај од рангирањето е индискиот град Мумбаи, кој постигна екстремно низок вкупен резултат (1,0).

Ова може делумно да се припише на времето, но, пред се, на лошата социјална заштита.

По индискиот град следува нигерискиот Лагос, кој се наоѓа на тоа место најмногу поради загадувањето и бучавата, додека најголемиот проблем во Манила (на трето место) е густината на сообраќајот, односно, густ сообраќаен метеж.

По овие три града следуваат Њу Делхи, Багдад и Кабул.

Loading...

Првиот европски град што се најде на непожелната листа е Москва, на 7 место, со најголеми проблеми во сообраќајот и стапката на невработеност.

Следуваат Карачи, Џакарта и Киев, со што се комплетира листата од 10-те најстресни градови во светот.

 

 

Loading...

Најстресните градови во светот:

Мумбаи, Индија (1.0)

Лагос, Нигерија (19,9)

Манила, Филипини (29,4)

Њу Делхи, Индија (31,5)

Багдад, Ирак (31,7)

Кабул, Авганистан (34,3)

Москва, Русија (36,1)

Карачи, Пакистан (36,6)

Џакарта, Индонезија (41,8)

Киев, Украина (42,8)

Скопје воопшто го нема на листата

Интересно е што од сто светски градови, Скопје не се најде никаде.

Главниот град на Македонија очигледно не бил земе предвид за ова рангирање, но го има Белград, метрополата на Србија, која го зазеде 57-то место, постигнувајќи вкупно 71 поен, или златната средина.