Новогодишни пакетчиња за пациентите на Детското одделние во кумановската болница (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски во придружба со Дедо Мраз го посети Детското одделение при Општа болница – Куманово.

Loading...

Димитриевскиим ја честиташе Новата година на дечињата и со новогодишни пакетчиња им посака побрзо оздравување.

– Традиционално и оваа година ја посетивме болницата и во пресрет на Новата година дадовме пакетчиња на нашите најмили, најсакани, најмали. Ја посетивме дневната болница и Детското одделение и заедно со Дедо мраз врачивме пакетчиња на сите дечиња. Им посакуваме што побрзо да закрепнат, што помалку да доаѓаат овде и секако да израснат во одговорни граѓани и да се грижат за своите родители и својата држава. Воедно ја користам оваа прилика да се заблагодарам на персоналот на нашата кумановска болница за нивниот несебичен ангажман кој сите го даваат за да имаме поздрава нација и за да можеме секако да пружиме подобра услуга на нашите граѓани и да им ја честитам претстојната 2019 година, изјави Димитриевски.

Со пакетчињата како што вели директорката на Општа Болница Куманово, Снежана Захариева, се развеселија оние кои денеска предновогодишно во потрага по подобро здравје се наоѓаат на Детското одделение.

– Иако сите ние посакуваме овој оддел да има најмалку пациенти, за жал овде секогаш е фрекфентно. Дежурните екипи се тука на располагање 24 часа, седум дена во неделата да им ги олеснат тегобите на оние кои доаѓаат како наши пациенти. Имавме полно одделение, од најмала возраст, но и предшколска возраст и шкослки, дел од нив амбулантски, дел од нив хоспитализирани и ќе ја искористам оваа прилика на сите да им посакам добро здравје, изјави Захариева.

Новогодишни пакетчиња, градоначалникот Димитриевски и Дедо Мраз денеска ќе поделат и на дечињата од ромската заедница во градот, а претходно вакви подароци добија и лицата со интелектуална попреченост.

Leave a Reply