Ново предупредување од СЗО за птичјиот грип: „Мораме да бидеме внимателни“

Сподели со своите пријатели

Светската здравствена организација денеска соопшти дека најновата појава на вирусот Х5Н1, попознат како птичји грип, мора редовно да се следи иако ризикот од заразување кај луѓето останува низок.

Loading...

Директорот на СЗО, Тедрос Гебрејесус, изјави дека овој вирус, кој се шири меѓу живината и дивите птици веќе 25 години, треба внимателно да се следи, особено откако е утврдено дека со вирусот се заразени и други животински видови како што се видрата, визонот и морските лавови.

Тој тврди дека ризикот за луѓето е сè уште низок и дека мал процент од нашата популација е заразен со птичји грип откако е откриен во 1996 година, пишува Ројтерс.

Гебрејесос ги повика луѓето да не допираат болни или мртви животни, туку веднаш да ги известат локалните власти.

„СЗО, исто така, смета на вклучување на компании за да се осигура дека можеме да добиеме вакцини навреме и да овозможиме нивна дистрибуција низ целиот свет доколку е потребно“, додаде тој.