Новите податоци за ублажување на инфлацијата го поддржаа Волстрит

Сподели со своите пријатели

На Волстрит цените на акциите денеска пораснаа, втор ден по ред, по новите податоци кои укажуваат на слабеење на инфлацијата, што ја поддржува тезата дека американската централна банка повеќе нема да ги зголемува каматните стапки.

Loading...

Dow Jones зајакна 0,47 отсто, на 34.991 поени, додека S&P 500 порасна за 0,16 отсто, на 4.502 поени, а индексот Nasdaq 0,07 отсто, на 14.103 поени.

Откако еден ден претходно податоците за потрошувачките цени покажаа дека инфлациските притисоци во САД се намалуваат, ова вчера го потврди и извештајот за цените на производителите.

„ФЕД успеа да ја доведе економијата до меко слетување“

Имено, тие цени во октомври паднаа за 0,5 отсто на месечно ниво, најмногу во последните три и пол години.

На годишно ниво, пак, тие пораснаа за 1,3 отсто, значително побавно од септември кога пораснаа за 2,2 отсто.

Дополнително, вчера беше објавено дека прометот во трговијата на мало во октомври паднал за 0,1 отсто, што е помалку од очекувањата на аналитичарите.

„Овие нови податоци ги потврдија индициите од претходниот ден дека ФЕД се чини дека успеал да постигне „меко приземјување“ на економијата“, рече Роналд Темпл, стратег во Лазард.

Олеснувањето на инфлацијата ја поддржува тезата дека ФЕД нема да има потреба дополнително да ја заостри монетарната политика, односно дека циклусот на зголемување на каматните стапки е завршен и дека економијата ја избегна рецесијата.

Loading...

Во наредниот период, движењата на пазарот ќе зависат главно од шпекулациите за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки.