Новите пациенти се заразени во период кога имаше строги рестрикции

Сподели со своите пријатели

Новите пациенти заразени со коронавирус чиј број денеска изнесува 52, се заразени во период кога имаше строги рестриквини мерки во однос на движење, рече денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Loading...

Како што рече тој во изминатите 14 дена, процентот на новозаразени е 5,5 отсто, каде во калкулациите влегуваат и тестовите во рамките на скринингот на градинките.

– Капацитетот во болниците е пополнет 11 отсто и здравствениот капацитет е во добра кондиција, број на оздравени здравствени работници е над 92 отсто, инциденцата во последните 14 дена е 10,3 отсто, три пати помала во однос на пикот од април, но продолжуваме да ја следиме состојбата. Има 15 градови во кои биле регистрирани случаи, а сега повеќе нема, изјави Филипче.

Зголемениот број случаи, како што појасни министерот, се од најчесто познати кластери, но има и некои нови околу тие во некои општини.

– Информациите кои ги добивме од терен, од колегите здравстеви работници за непочитување на мерките, беше аларм да направиме контроли во текот на вчерашниот ден во однос на степенот на почитување на мерките и генерално за спроведување на сите процеси со епидемиолошките препораки, се направи надзори во Центрите за јавно здравје во Тетово и Штип каде се анализираа сите случаи, изјави министерот.

Од увидот во Тетово било констатирано дека има генерално непочитување на мерките, носењето маски и физичката дистанца, ниту во градот ниту во околните места каде има нови случаи.

– Од Штип непочитување на правило за транспорт, особено на вработени во конфекциите каде има нови пациенти. Еден погон е затворен од Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во транспортот во автобусите се возат вработени од сите конфекции од сите околни места на Штип, не се почитува правило за процент на пополнестост на автобусот, ниту носење на маски. Во таа една конфекција има 17 заболени и 70 контакти во изолација, изјави министерот Филипче.

Како еден од проблемите било и одбивањето на соработка од страна на пациенти со здравствените власти во спроведување на епидемиолошките анкети.

Loading...

– Даваат лажни податоци и адреси и тешко можат да се достава решенија за самоизолација. Имаме поголема концектрација на нови случаи во Чаир, Гази Баба, Бутел и Аеродром и огромен процент се резултат на непочитување на мерките за самоизолација и лична аштита. Загрижува уште повеќе што има информации за граѓани кои и со решение за самоизолација се шетаат надвор и барам апсолутно поголема ажурност од страна на Министерството за внатрешни работи, поголема контрола и санкции на тие кои овие мерки не ги почитуваат, ние продолжуваме активно да ја следиме сосотјбата, рече министерот.

Повторно воведување на таргетирани рестрикции најави првиот човек на Министерството за здравство, ако во следните денови расте бројот на заболени.

Никола Ивановски

Leave a Reply