Новите Гугл смартфони пристигнуваат без полначи

Сподели со своите пријатели

Судејќи според најавите, Google Pixel 6 и Pixel 6 Pro нема да имаат полнач во пакетот.

Loading...

Google ќе ги претстави новите модели на паметни телефони во септември, но ќе има и лоши вести за корисниците, бидејќи Pixel 6 и Pixel 6 Pro нема да имаат полнач во пакетот.

Компанијата го објави новиот модел Pixel 5a 5G во средата, а исто така обезбеди и информации за моделите Pixel 6 што ќе ги претстави наскоро.

Следејќи го примерот на Apple и Samsung, Google нема да обезбеди полначи со телефонот новиот Pixel 5a 5G е најновиот модел на Google телефон кој ќе има полнач во пакетот.

Отсега, Google повеќе нема да дава полнач со телефони, бидејќи повеќето луѓе веќе поседуваат USB-C полнач.