Новиот закон го забранува ТикТок на повеќето уреди на американската влада

Сподели со своите пријатели

Американскиот Конгрес воведе предлог-закон за државни трошоци со кој ќе се забрани употребата на кинеската социјална мрежа ТикТок на повеќето владини уреди на САД.

Loading...

Исклучок би биле службите за национална безбедност, службите за спроведување на законот, како и употребата за истражувачки цели, пренесува АП.

ТикТок го користат две третини од американските тинејџери и стана втора најпопуларна социјална мрежа во светот, според Асошиејтед прес.

Меѓутоа, САД се загрижени дека Кина би можела да ги искористи правните и регулаторните овластувања за да добие податоци за американските корисници „или да се обиде да поттикне прокинески наративи или дезинформации“, додава американската агенција.

Брук Оберветер, портпаролка на TikTok, рече дека забраната ќе биде „политички потег што нема да направи ништо за унапредување на националната безбедност“ на САД.