Нови препораки, заклучоци и мерки на Штабот за заштита и спасување во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во просториите на Општина Куманово денеска се одржа состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување во врска со превземање на активности и мерки од ширење на болеста COVID-19 (корона вирус).

Loading...

На состанокот беа донесени следниве препораки, заклучоци и мерки:

– Се бара од Министерство за здраство и Комисија за здраство да го засили човечкиот капацитет во ЦЈЗ Куманово со зголемување на бројот со епидемиолози и други стручни лица во интерес на непречено работење и спроведување на интензивни тестирања на територија на Општина Куманово

– Ги информираме граѓаните дека ЈЗУ Општа Болница Куманово сите случаи кои не се со симптоми на вирусот COVID 19 туку само покачена телесна температура и слично ќе бидат упатени на Одделение за уво,грло и нос.

– Општински штаб за заштита и спасување и понатаму стои на став дека е потребен целосен карантин на територија на Општина Куманово

-Се задолжува Општината да направи дополнителна набавка на заштитна опрема (маски, очила, униформи), средсатва за дезинфекција и опрема за дезинфекција ( пумпи и возила)

-Се препорачува на сите маркети кои вршат трговија на прехрамбени продукти да воведат телефони за нарачка и екипи кои со заштитна опрема ќе вршат достава и наплата на истата.

Интегрално соопштение: Општина Куманово

Loading...

Leave a Reply