Нова листа најмоќни пасоши во светот: Една земја е лидер, а еве каде е Македонија!

Сподели со своите пријатели

Расте јазот меѓу глобалниот север и глобалниот југ кога станува збор за слободата на патување, се вели во првиот извештај на лондонската советодавна компанија за глобално државјанство и престој „Henley & Partners“ за 2022 година.

Loading...

Индексот за пасоши на Хенли, врз основа на ексклузивни податоци од Меѓународната асоцијација за воздушен транспорт (IATA), редовно следи кои се најмоќните пасоши во светот од 2006 година.

Во него се наведува дека растечките бариери за патување, кои беа воведени за време на пандемијата на корона вирусот, резултираа со најголемиот глобален јаз во мобилноста во 16-годишната историја на индексот.

 

 

Сепак, индексот не ги зема предвид сегашните ограничувања, па технички сите оние кои имаат најмоќни пасоши во светот можат, барем теоретски, да патуваат без виза во 192 земји.

На прво место се Јапонија и Сингапур, чии граѓани можат да патуваат без визи во 192 земји.

Loading...

Второто место го делат Германија и Јужна Кореја, а третото место го делат Финска, Италија, Луксембург и Шпанија, чии граѓани без пасоши можат да посетат дури 188 земји.

Што се однесува до регионот, најдобра е Словенија со 181 земја. Хрватска е на 17. место со 173 земји. Србија е на 36-то, а БиХ на 47-то место.

Авганистан има најслаб пасош, чии граѓани можат без виза да посетат само 26 земји.

Македонија се наоѓа на 42то место и нашите граѓани може да патуваат без виза во вкупно 125 држави.

 

 

Список на најмоќните пасоши:

Loading...
  1. Јапонија, Сингапур (192)

 

  1. Германија, Јужна Кореја (190)

 

  1. Финска, Италија, Луксембург, Шпанија (189)

 

  1. Австрија, Данска, Франција, Холандија, Шведска (189)

 

  1. Ирска, Португалија (187)

 

  1. Белгија, Нов Зеланд, Норвешка, Швајцарија, Обединетото Кралство, САД (186)

 

  1. Австралија, Канада, Чешка, Грција, Малта (185)

 

  1. Полска, Унгарија (183)

 

Loading...
  1. Литванија, Словачка (182)

 

  1. Словенија, Латвија, Естонија (181)