Нов удар на приватноста: Вие користите Фејсбук, а вашиот Ајфон снима

Сподели со своите пријатели

Кога станува збор за Фејсбук, речиси и да нема ден да не се открие нов проблем со приватноста.

Loading...

Овој пат, тоа се корисници на апликацијата преку оперативниот систем iOS.

Веќе неколку дена, корисниците на iPhone известуваат за нов проблем со апликацијата „Фејсбук“, која ја вклучува камерата на нивниот телефон без нивно одобрување.

Темата стана вирална на социјалните мрежи откако корисникот Џошуа Медокс објави за постоењето баг на Твитер, и го документираше со видео.

Багот ја активира камерата кога корисникот ќе отвори слика или видео на целиот екран од апликација на Фејсбук.

Откако ќе затворите видео или фотографија или нивно тргање настрана, интерфејсот на Фејсбук исчезнува од екранот додека на него останува приказот од камерата.

Грешката се случила во најновата верзија на апликацијата „Фејсбук“ (246), инсталирана на најновата верзија на iOS (13.2.2) на iPhone 6S.

Истиот баг потоа бил забележана на неколку различни верзии на iPhone, пишува Mashable.

Loading...

Сепак, се чини дека грешката не работи на постара, 12-та верзија од оперативниот систем.

Веб-страницата TheNextWeb наведува дека грешката не се јавува ниту со iOS 13.1.

И сè додека Фејсбук не објави „апдејт“, на корисниците им останува прашањето:

Дали багот ја активира камерата веднаш по отворањето на Фејсбук, така што работи цело време кога ја користите апликацијата, или дали камерата се активира при преминување помеѓу два различни прикази на екранот?

Leave a Reply