Низа пожари вчера низ Куманово и Старо Нагоричане (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Неколку пожари беснееле во изминатото деноноќие на териториите на Куманово и Старо Нагоричане, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Првата интервенција на ТППЕ Куманово со тројца пожарникари била на запелана сува трева на улицата „Ѓуро Пуцар“ во период од 13:30 до 14:35.

Ниска шума, трева, грмушки и ѓубре гореле во месноста Багрем бања. Таму интервенирале седум пожарникари со две противпожарни возила во период од 16:15 до 19:00 часот.

На истата локација пожарниакрите имале уште една интервенција на запалена сува трева и стрниште во период од 21:05 до 21:40 часот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Нападнат вработен во кумановската болница

Во селото Тромеѓа во два наврати горело стрниште. Првин во период од 19:20 до 20:20 интервенирале тројца пожарникари, а потоа во истото село стрниште горело од 20:50 до 21:55 часот.

Сува трева горела и кај патарината на автопатот. Таму тројца пожарникари интервенирале од 19:45 до 20:50 часот.

Во атарот на село Никуштак горела дива депонија каде била зафатена и сува трева и дел од борова шума. Таму петмина пожарникари се бореле со пламените јазици од 18:30 до 21:00 часот.

Тројца пожарникари гаснеле запалена сува трева и стрниште во селото Никуљане во период од 21:50 до 22:35 часот.

Loading...

Во истото село пожарникари на ТППЕ Старо Нагориачне интервенирале на сува трева и стрниште од 21:00 до 22:00 часот со четворица пожарникари. Засега не е познато дали се работи за истиот пожар.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  20 дена ќе биде исклучена сигнализацијата на пругата Куманово - Романовце

Пожарникарите од Старо Нагоричане интервенирале со двајца пожарникари на сува трева и стрниште во селото Степанце во период од 20:20 до 22:30 часот.

Во селото Зебрњак пак четворица пожарникари гаснеле сува трева и ѓубре во период од 22:05 до 23:00 часот.

Никола Ивановски