НИКУШТАК: Додека напасувале овци им се заканувал со пиштол па им пукал во кучето

Сподели со своите пријатели

Полициски службеници од Полициското одделение Матејче во текот на вчрашниот ден од слобода го лишиле З.Ј.(60) од село Никуштак поради тоа што околу 10.30 часот во атар на село Никуштак, општина Липково, упатил закани со пиштол кон Н.Н.(29) и неговиот татко Р.Н. од село Мојанце, скопско, кои напасувале овци, по што пукал и го погодил нивното куче, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

З.Ј. бил задржан во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Leave a Reply