Невестата го фрли бидермаер, и сите збеснаа: „Ова е ставот – им кажувам на младите девојки дека се мисирки“ (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Погледнете што направи една од гостите кога невестата го фрли бидермаерот!

Loading...

Фрлање на бидермаер е еден од обичаите на свадбите, а според тој обичај, следно се мажи девојката што ќе го фати. И додека сите знаеме дека има такви што „кршат“ секој пат и речиси се борат да го фатат, има и дами кои се крајно незаинтересирани за овој „лов“.

Само една таква девојка ги изнервирала твитерџиите со своето однесување, што може да се види на видеото што се споделува на социјалните мрежи.

Имено, можете да го видите моментот кога невестата фрла бидермаер на насобраните девојки, но букетот паѓа на девојката која стои малку подалеку, свртена и целосно незаинтересирана за овој настан. Таа стои и ужива во пијачка, и во моментот кога бидермаер паѓа пред нејзините нозе, друга девојка трча и го зема.

На некои луѓе им се допадна ова однесување, па пишуваат дека таа е „кралица“, додека други остро ја критикуваат.

„Ако не ти е грижа, тогаш остануваш на твојата маса или воопшто не доаѓаш на венчавка. Ова е: станав за да им покажам демонстративно на другите девојки и на невестата, дека мојот став е дека тие се мисирки “, е еден од коментарите за ова видео.

Што велите – дали однесувањето на овие девојки е некултурно или не?

 

Loading...