Невеста тајно ја зачинила храната со марихуана: Гостите малку „полуделе“

Сподели со своите пријатели

Мени – италијанско. Од разни тестенини, лазањи, ќофтиња, многу маслиново масло, леб со лук… Со таен додаток. Многу марихуана. Така, една невеста од Флорида реши да го прослави својот голем ден…

Loading...

Американката Дања Свобода (42) и угостителката на венчавката Џојселин Брајант (31) се обвинети за повеќе прекршоци и се соочуваат со затворска казна.

Како што пишуваат американските медиуми, двајцата набавиле поголема количина марихуана, чие масло и путер го додале во сите понудени јадења. На насобраните гости не им требало многу време да сфатат дека нешто чудно се случува. Ова се само дел од изјавите.

„Имав луди мисли во мојата глава. Го чувствував секој дел од телото. Не знаев што се случува. Не го контролирав моето тело, но ниту мозокот. Моето срце чука толку силно што мислев дека ќе умрам.

 

 

Мислев дека мојата пријателка почина, а таа беше веднаш до мене.

Loading...

Еден гостин на крајот ја прашал невестата дали ставила нешто чудно во храната, на што таа одговорила дека внатре има „многу марихуана“.

За работите да бидат побизарни, невестата наводно им се налутила на гостите затоа што не им се допаднал нејзиниот подарок.

За ова изненадување не му кажала ниту на сопругот, кој исто така ги почувствувал ефектите од храната.

Полицијата ги запленила остатоците од храната од венчавката, а со тестирање биле откриени поголеми количества канабис во лазањи, тестенини…

Освен паранојата која траела неколку часа, гостите брзо се опоравиле од оваа луда венчавка.