Неверојатно: Во Вардар уловен сом од 82 кг, долг два метра (ФОТО+ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Сом долг два метри и 10 сантиметри и тежок 82 килограми е уловен во реката Вардар кај Велес, објавија денеска локалните медиуми.

Loading...

 

Како што изјави Телевизија 21, сомот викендов го фатил Назми Акташи од Скопје, чие хоби е риболов.

Иако, се додава, вакви риби се многу ретки во Вардар, може да се уловат, па Акташи вели дека имал среќа да го фати тој вид риба.

 

Во изјава за порталот Газета.мк, која пренесе информации и снимки од уловената риба, Акташи вели дека откако фотографијата била објавена на неговата Фејсбук страница, добил понуди од разни здруженија и поединци за купување сом, но тој ги одбил.

Loading...